Во прилог е официјалното соопштение на НЛБ Банка :

Согласно движењата на пазарот во банкарскиот сектор, НЛБ Банка ја укина каматата на позитивно салдо на трансакциските сметки на физичките и правните лица. Воедно, се укинува и каматата на денарските и девизните депозити по видување кај физичките и правните лица.

 

Исто така, се воведува месечен надомест од 60 мкд за водење на девизна трансакциска сметка на правни лица – резиденти.

 

Измените се со важност од 01.12.2018 година и се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за трансакциски сметки и депозити.

 

НЛБ Банка АД Скопје


За објаснување на нашите читатели би сакале да ја преведеме оваа вест на поедноставен јазик за да нема забуни. 

Со оваа мерка, повеќе банката нема да Ви исплаќа камата на парите ( денари или девизи ) кои не Ви се орочени. И досега тоа не беше некоја голема камата , најчесто 0,1 % годишно, но сега и тоа е укинато во оваа банка. 

Заради тоа БанкоМетар.мк има две прашања : 

  1. На кои движења на пазарот во банкарскиот сектор се мисли во објавата на Банката? 
  2. Дали ваквото „стегање на ременот “ е поврзано на некој начин со последните котирања на Лондонската берза и перформансите кои таму треба да се испорачаат до инвеститорите или мора да се генерираат заштеди поради веќе објавените лоши пласмани од вртоглави износи кои ги дознавме поради зголемената транспарентност преку СЈО?