Во најновото соопштение на Народната банка во врска со монетарните движења во земјата за месец јули се истакнува:

– Вкупните депозити продолжија да растат и остварија годишно зголемување од 10%, во услови на раст на депозитите и на корпоративниот сектор и на домаќинствата.

– На годишна основа, кредитната активност забележа раст од 6,8%, како резултат на кредитирањето и на домаќинствата и на компаниите.

Забавувањето на годишната динамика на кредитниот раст е одраз на отписите коишто банките ги остварија согласно со измените во регулаторниот третман на сомнителните и на спорните побарувања.

Доколку се изостави ефектот од овие отписи, вкупниот годишен раст на кредитната активност изнесува 8,2%.

Соопштението е достапно и на следнава врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2019/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2019_juli_mk.pdf