Инфлацијата од 14,97 проценти беше пријавена на годишно ниво во јануари од страна на Турција, објави турската приватна телевизија НТВ, повикувајќи се на податоци на Турскиот статистички институт.

Ова е највисоко ниво на инфлација во последните 17 месеци. Пријавеното ниво е за 1,68 проценти повисоко отколку во декември минатата година. Шампион во скокот на цените во првиот месец од 2021 година се мандарините, чија цена порасна за 26,77 проценти. Најмногу падна цената на карфиолот – за 45,79 проценти.

Во споредба со јануари 2020 година, цените на услугите се зголемени во образованието (6,13 проценти), комуникациите (6,32 проценти), облеката и обувките (2,12 проценти), а се намалија алкохолните пијалоци и тутунот (1,35). Најголем скок е забележан во цените во групите „разни стоки и услуги“ (24,53 проценти), домашна потрошувачка (23,25), транспорт (21,43).