Најголемите банки на Волстрит наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од заемите.

Резултатите за четвртиот квартал од минатата година најпрвин ќе ги објават Citigroup и JPMorgan Chase на 14 јануари. Morgan Stanley и Bank of America треба да ги објават своите извештаи на 19 јануари, а Goldman Sachs на 25 јануари.

За сите банки освен Citigroup, аналитичарите очекуваат да пријават највисока добивка досега, што значи раст меѓу 20 и 50 проценти. Ова се наведува во проценките на аналитичарите на Блумберг. Американските инвестициски банки профитираа минатата година од високите провизии заработени при спојувања и преземања.

Досега банките главно ги користеа своите профити за инвестирање во технологија, плаќање бонуси и откуп на сопствени акции. Акциите на американските банки се зголемија за 31 отсто во 2021 година, проценуваат аналитичарите на Дојче банк. Најмногу порасна вредноста на акциите на Голдман Сакс, за 47 отсто.