Годишното Собрание на Реплек АД Скопје одржано на 08.04.2019 година, на предлог на Управниот одбор на Реплек АД Скопје за распределба на добивката по годишната сметка за 2018 година, а врз основа на член 50 од Статутот на Друштвото ја однесе одлуката за распределба на добивката по годишната сметка на Реплек АД Скопје за минатата година.

Со оваа одлука се утврдува распределбата на добивката на Реплек АД Скопје според годишната сметка за 2018 година за исплата на дивиденда во нето износ од 3.998,00 денари по акација, односно бруто износ од 4.704,00 денари по акција.

– од тековната добивка 81.381.545,00 денари,

– од акумулираната добивка е од 2017 година 31.910.031,00 денари,

– и дел од законски резерви 8.623.912,00 денари.

Вкупната сума за исплата на дивиденда и персонален данок е 121.915.488,00 денари.

Последен ден на истргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува на 18.04.2019 година, односно за прв ден на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува 19.04.2019 година. Правото на акционерите за исплата на дивиденда ќе се утврди со пресек на евиденцијата во акционерската книга на ден 22.04.2019 година.