Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека e надминат проблемот поврзан со картичните брендови VISA и MasterCard, стои во соопштението.

„Се заблагодаруваме на сите засегнати страни за терпението и разбирањето“, соопшти Македонската банкарска асоцијација.

Претходно, соопштение испрати и Народна банка преку кое ги смирува граѓаните и им објаснува дека парите што им се на сметка никој не ги чепка.

„Континуирано ја следиме ситуацијата и во постојана комуникација сме со релевантните институции и деловните банки за побрзо надминување на пречките за непречено функционирање на сервисите. Напоменуваме дека паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент“, соопшти Народна банка.