Опремата целосно е ставена во функција и тековно се врши дотур на репроматеријали за континуирано производство, се вели во соопштението на компанијата „Еуроникел“, претставништво на швајцарската „Гсол“ во земјава.

Утрово успешно е рестартиран производствениот процес во кавадаречки „Фени“. Опремата целосно е ставена во функција и тековно се врши дотур на репроматеријали за континуирано производство, се вели во соопштението на компанијата „Еуроникел“, претставништво на швајцарската „Гсол“ во земјава.

Рестартирањето е завршено во рок од само три седмици по преземањето, ангажирани се над 700 вработени во „Фени“, а се разговара и за надминување на проблемот со камионските траснпортери и нивните побарувања.