Rimac Technology ја основа компанијата Rimac Energy, со цел да ја забрза транзицијата кон снабдувањето со одржлива енергија, и да ја искорсти својата експертиза во создавањето на иновативната технологија на електрични возила во следната генерација стационарни батерии. Системите за складирање на енергија на брендот Rimac Energy, се базираат на новата електрична архитектура која овозможува значајни предности во изведбата, сигирноста и достапноста, вклучувајќи го и намалувањето на загубите на енергија до 50%, и тоа на 40% помала површина во однос на најмодерните решенија.

Првото претставување Rimac Energy го има на конференцијата Beogradski energetski forum 2023. (8-ми и 9-ти мај). Портфолиото на брендот Rimac Energy, вклучува системи за примена во електроенергетската мрежа, комерцијалниот и индустрискиот сектор, како и високо интегрираните решенија за полначи на електрични возила. Сите производи во целост се осмислени, развиени и произведени во Европа.

rimacenergy2

Rimac Energy ќе произведе пилот системи за избрани клианти оваа година, а нивното пуштање во работа е планирано за 2024 година. Почетокот на сериското производство се очекува во 2025 година, во новиот кампус на компанијата кој во моментот е во изградба.  Мате Римац, основачот и извршен директор на Rimac Grupа смета дека постои итна потреба од чиста енергетска инфраструктура со цел да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија во мрежата, така што ќе се овозможи складирање и балансирање.