2022 година е првата година во која Бугарија не е најевтина земја во Европската унија. Во однос на најниските трошоци за живот, таа е претекната од Романија, покажуваат податоците на Евростат објавени на веб-страницата на заводот за статистика.

Во Романија стоките и услугите чинат 42,2 отсто помалку од просекот на ЕУ, додека во Бугарија плаќаат 41,3% помалку, покажуваат податоците.

Друга земја-членка со блиски нивоа на цени на оние во Бугарија и Романија е Полска, а таму Полјаците олјаците плаќаат 38,5 отсто поевтино од просечниот Европеец.

Има уште три земји на Балканот каде што нивото на цените е пониско, но тие не се членки на ЕУ – Босна и Херцеговина, Македонија и Турција, каде цените се за 60 проценти пониски од просекот на ЕУ.

Промени има и на другиот крај од рангирањето – најскапите земји. Во 2022 година, Луксембург, кој со години беше најскапата земја во ЕУ,  е тргнат од врвот од Ирска. Таму стоките и услугите чинат 46,6 проценти повеќе од просекот на ЕУ, додека Луксембург е поскап за само 36,6 отсто.

Всушност, најскапата земја на континентот е Швајцарија. Таму ценовното ниво е за 74,3 проценти повисоко од просекот на Европската Унија.