Романија во вторникот објави дека планира да воведе данок на слатките безалкохолни пијалаци во борбата против дебелината, следејќи ги постапките на другите европски земји

Овој данок е насочен кон обесхрабрување на потрошувачката на слатки пијалаци и зголемување на јавните приходи што би можеле да бидат потрошени за здравство и образование. Епидемијата на дебелина во ЕУ е огромен товар за здравствените системи“, соопшти романското Министерство за финансии.

Романското здружение на производителите на безалкохолни пијалаци го осуди данокот како „дискриминаторски“ и рече дека ќе му наштети на секторот, кој има околу 60.000 работни места.