Eкономистот Нуриел Рубини познат како Доктор Пропаст (Dr Doom), кој ја предвиде финансиската криза од 2008 година, тврди дека Биткоин е најголемиот меур во историјата и ќе пукне.

Тој е доследно скептичен во врска со биткоинот и вели дека ќе има многу шпекулирање за да се поддржат цените. Тој вели дека истото се случува кога луѓето купуваат и продаваат имоти за да манипулираат со берзата на недвижнини.

Рубини упатуваше на сослушување  на Конгресот во кој ќе учествува  Кристофер Џанкарло, претседател на Комисијата за трговија со фјучерси (CFTC), и Џеј Клејтон, претседател на Комисијата за хартии од вредност (ДИК).

Исто така Рубини го анализира графиконот со вредноста на биткоин и прашува дали службите како Комисијата за хартии од вредност не треба „да почнат да ја разгледуваат оваа криминална активност?“

„Сметам дека сево ова околу биткоинот е еден џиновски меур бидејќи ова не е сериозен начин за плаќање, ниту добар начин за чување на капиталот“, вели тој.

„Биткоинот се храни сам од себе и нема основни причини неговата цена да остане на толку високо ниво“, објаснува тој.