Меѓународните резерви на Русија продолжија да растат, достигнувајќи 583,7 милијарди долари од 16 април, покажуваат најновите податоци на Централната банка на Русија.

Овие резерви се зголемија за 3,2 милијарди долари или 0,6 проценти во однос на претходната недела, како резултат на „позитивната ревалоризација на девизниот курс и набавката на девизи во рамките на фискалните регулативи“, објави Раша Тудеј (РТ), повикувајќи се на изјава од централната банка.

Меѓународните резерви се високоликвидни девизни средства што се состојат од резерви на монетарно злато, девизи и Специјални права на влечење (СДР), кои се достапни на Централната банка на Русија и Владата.

Овие резерви на Русија го надминуваат целното ниво од 500 милијарди долари, што го постави централната банка во јуни 2019 година и оттогаш се чуваат над тој праг.

Минатата година меѓународните резерви на Русија се зголемија за повеќе од 40 милијарди долари и покрај влијанието на панемијата на коронавирусот врз економијата на земјата, што ја принуди владата да ги зголеми трошоците за поддршка на бизниси и домаќинства, додаде РТ.