Руското Министерство за финансии денеска објави дека го исплатило доспеаниот долг во долари во рубљи, откако една странска банка одбила да изврши плаќање во долари, што ја става земјата во ризик да не ги плати долговите.

„Една странска банка одби да изврши инструкции“ за плаќање 649,2 милиони долари доспеани на 4 април, соопшти руското Министерство.

Министерството додаде дека поради тоа е принудено да се обрати до „руската финансиска институција за да ги изврши потребните плаќања во валутата на Руската Федерација“.

Русија со недели успеваше да избегне неисполнување на обврските при отплата на заостанатите долгови, бидејќи американското Министерство за финансии и дозволи на Москва да ги користи девизите што ги поседува во странство за да ги регулира своите надворешни обврски.

Меѓутоа, од вторник, 4 април, американското министерство повеќе не дозволува исплата на рускиот долг во долари што се чуваат во американските банки, што го зголемува притисокот врз Русија и ризикот таа повеќе да не може редовно да ги исполнува своите обврски.

Како одговор на руската воена интервенција во Украина, дел од големите руски резерви кои се чуваат во странство, околу 300 милијарди долари, се замрзнати под западните санкции.