Во првиот квартал од 2023 година Русија извезла стока во вредност од 15,5 милијарди долари во Индија и со тоа станал втор најголем снабдувач на таа земја, покажуваат податоците на Министерството за трговија и индустрија на јужноазиската земја.

Според статистиката на одделот, извозот од Русија во Индија од јануари до март годинава е зголемен за 4,7 пати во споредба со истиот период минатата година. Извозот достигна вредност од 15,5 милијарди долари, што е највисок квартален показател во историјата.

Главниот снабдувач на стоки за Индија останува Кина. Сепак, извозот во првиот квартал од оваа година е намален за 15,4 отсто – на 22,6 милијарди долари. На трето место меѓу главните извозници во Индија се Обединетите Арапски Емирати (12,7 милијарди долари), а на четврто се Соединетите Американски Држави, чиј увоз во Индија е намален за 8,8 отсто на годишно ниво.

На петто место е Саудиска Арабија, која исто така го намали увозот за 10,9 отсто во однос на минатата година, пренесува Спутник. Од друга страна, извозот од Индија во Русија е зголемен за 33 отсто и достигна вредност од 946,6 милиони долари, додека трговскиот промет меѓу двете земји е зголемен за 4,1 пати – на 16,45 милијарди долари.