Поради високите трошоци за струја и гас, Германија ќе „спадне на просјачки стап“, а субвенциите и издавањето должнички хартии од вредност нема да донесат ништо добро, објави денеска рускиот бизнисмен Олег Дерипаска на својот Телеграм канал.
„Цената на струјата и гасот за германските компании и обичните граѓани ќе ја доведе некогаш успешната економија, главната економија на Европа, до дефицит и просјачки стап“, вели Дерипаска, пренесува „Комерсант“.
На овој начин, рускиот претприемач ја коментираше веста за одлуката на германското министерство за финансии да го суспендира механизмот за „кочница на долгот“.
Овој механизам го ограничува износот на пари што германската влада може да го позајми.
„Кочницата за долгот“ беше воведена во 2016 година и веќе беше привремено суспендирана на три години за време на пандемијата, пренесува „Танјуг“.