Вториот бран на пандемија на коронавирусот влијае на добар дел од светот и наведува многу потрошувачи да бидат претпазливи кога станува збор за шопинг во самите објекти.

Ограничувањата за патувања кои се на сила во многу земји дополнително ќе го намалат приливот на богати туристи чија голема потрошувачка се очекува во овој период од годината, тврди Блумберг во анализата.

Луксузните продавници, сепак, прават големи напори да привлечат клиенти, со загарантирани строги мерки на дозволеното физичко растојание. Тие украсуваат излози со Божиќни детали со надеж дека ќе ја зачуваат клучната сезона на потрошувачка на крајот на 2020 година, обележана со силен пад на сообраќајот поради пандемијата во трговските меки од Токио до Њујорк.

Лондонската улица Бонд е сериозно погодена затоа што се потпира на странски купувачи и нема домашни потрошувачи. Имено, посетите на продавниците веќе беа преполовени на почетокот на месецот, кога беа воведени нови ограничувања во Велика Британија со цел да се потисне ширењето на коронавирусната инфекција.

Продавниците за луксузни брендови, од Картие до Шанел, ги вклучија божиќните светла порано од вообичаеното за да бидат подготвени да ја пречекаат празничната сезона и повторно да ги отворат вратите за клиентите на 3 декември кога ќе бидат укинати забраните за работа.

Во Франција, уште една целосна блокада е сè уште во сила, поради што продавниците чија работа не е потребна, се затворени до крајот на овој месец. „Ако не ги отвориме продавниците на 1 декември, тоа ќе биде исклучително тешко“, предупреди Едуар Лефевр, извршен директор на „Елисејските полиња“, што претставува околу 100 продавници во областа.

Што се однесува до Јапонија, улиците во трговскиот кварт Гинза, една од најпознатите во Токио, обично би биле осветлени досега, но оваа година многу продавници и згради се во мрак.

Во Јапонија сè уште се во сила строгите мерки за пристигнување на странски гости, што значи дека само мал дел од вообичаениот промет на трговија се вратил во таа шопинг мека. Но, малкумина трговци се погодени од пандемијата, како што се сопствениците на продавници во Хонг Конг.

Прошетка по главната улица во Кеузеј Беј, четвртиот најскап имот за изнајмување во светот, покажува последици од падот на сообраќајот скоро 20 месеци по ред, поради протестите и рестриктивните мерки за борба против пандемијата. Излозите на луксузни брендови како Tissot, Prada и Victoria Secret се само некои од затворените.

Надежта може да ја разбудат туристите кои полека се враќаат во градот. За да го зајакне туризмот, Хонг Конг неодамна се согласи со Сингапур за аранжман за патување што не бара задолжителен карантин за туристите.

Поради зголемувањето на бројот на заразени, владините агенции го одложија неговиот почеток за две недели, закажан за 22 ноември. Петтата авенија во Њујорк сè уште е украсена со две од најгламурозните стоковни куќи во светот, Сакс Петтата авенија и Бергдорф Гудман. Нивните редови исто така се истенчија во последните неколку години, па модната компанија Хенри Бендел ја затвори својата продавница со традиција од еден век.

Барнис Њујорк, на само еден блок оддалеченост, заврши во ликвидација. Неколку излози, вклучително и оној на брендот Ралф Лорен, сè уште се празни. Останатите се подготвуваат за пригушената гужва за одмор, со оглед дека очекуваат само неколку туристи во најдобар случај. Сепак, тие ќе дадат се од себе да ја покажат својата радост и покрај зголемениот број на заразени во Њујорк, некогаш епицентарот на епидемијата во САД.

Сакс и Бергдорф и бутиците како Долче и Габана и Луј Витон обично ги красат своите екстравагантни прозорци на овој начин. Зад нив е бурното лето, обележано со немири околу полицискиото насилство врз Џорџ Флојд, и многу забарикадирани излози пред претседателските избори на 3 ноември, очекувајќи жестоко незадоволство.

Повеќето од нив сега се појавуваат меѓу заштитните решетки, бидејќи стравувањата не се обвистинија. Останува надежта дека турбулентната 2020 година ќе заврши добро, заклучува Блумберг.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк