Американската администрација соопшти дека одлуката на Светската трговска организација (СТО) да и дозволи на Кина да воведе компензациски царини во износ од 645 милиони долари против САД е „длабоко разочарувачка” и ја нагласи потребата од реформи на СТО.
Според американските власти, одлуката на СТО „ги одразува погрешните толкувања на Апелациското тело што ја оштетува способноста на членките на СТО да ги бранат американските работници и компании од кинеските субвенции што ја нарушуваат трговијата”.
„Одлуката ја зајакнува потребата за реформирање на правилата на СТО и решавање на споровите, кои беа искористени за заштита на непазарните економски практики на Кина и поткопување на фер, пазарно ориентирана конкуренција”.
Светската трговска организација вчера одобри Кина да воведе компензациски царини во износ од 645 милиони долари за стоки од САД. Одлуката е донесена по 10-годишен спор инициран од Пекинг поради царините што САД ги применуваа за одредени кинески производи чие производство е субвенционирано.