Фирмата за сајбер безбедност Recorded Future, открива дека биткоин досега бил доминантна криптовалута за плаќање на „dark web“, но дека приматот сега го презеле конкурентните валути лајткоин и даш.

Причината за оваа промена е едноставна – биткоин станал прескап.

Биткоин во последно време забележал пораст што довело до прилив на корисниците, кои, за возврат, ја оптеретуваат мрежата.

Начинот на кој биткоин се справувал со дополнителниот раст било со зголемување на надоместокот, оставајќи ги луѓето да бараат друга алтернатива.

Лајткоин е шестата највредна дигитална валута и сега е прифатена како начин на плаќање од речиси третина од сите продавници на „dark web“.

Новите информации пристигнуваат откако Forbes ја објави својата прва листа од луѓе кои станале првите милијардери со криптовалути во дигиталниот свет.