Само Босна има помала просечна плата од Македонија

2024-02-06 11:00

Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ.Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Со СДС и ДУИ Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на минималната плата.Со СДС и ДУИ сите земји ја претркаа Македонија.Животниот стандард на граѓаните од ден во ден е се полош.

Доволно е да се погледне минималната плата и ќе се види дека СДС и ДУИ ја уништија државата.