Годишната стапка на инфлација во Кина во април падна на 0,1 отсто, објави денеска Националното биро за статистика на Кина. Инфлацијата во март беше 0,7 отсто, а пазарите предвидуваа априлска стапка на инфлација од 0,4 отсто.

Овој резултат е најдобар од февруари 2021 година, кога беше забележана дефлација во Кина. Цените на храната во април пораснаа најбавно во последните 13 месеци, за 0,4 отсто во однос на ланскиот април, што е значително помалку од мартовската инфлација од 2,4 отсто.

Транспортот поевтини, за 3,3 отсто, а трошоците за образование пораснаа за 1,9 отсто, пренесува Каматица. Годишната основна стапка на инфлација во Кина во април беше 0,7 отсто, исто како и во март. Индексот на потрошувачките цени (ИПК) падна на месечна основа трет пат по ред, овој пат за 0,1 отсто во однос на март.