Владата предводена од СДСМ и претседателот Димитар Ковачевски во време на најголемата светска енергетска и економска криза, носи навремени и ефикасни мерки, за справување со последиците од кризата. Помошта кон домашните компании ги даваат и првите конкретни резултати. Веќе може да се забележи намалување на цените на лебот, кои повторно се враќаат на околу 30 денари. Овие цени дополнително ќе се намалуваат и со последната мерка за обезбедување на струја по пониска, фискна цена за комапниите коишто произведуваат основни прехранбени производи, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека со оваа мерка се опфатени околу 200 компании од прехранбениот сектор, училиштата и јавните водоводни претпријатија и пречистителни станици, за кои до крајот на април Владата обезбедува пониска, фиксна цена на електричната енергија. Поевтината струја ќе овозможи стабилизирање на пазарот, и намалување на цените на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто.

Истовремено продолжува субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании. Со СДСМ, како одговорна партија, која се грижи за граѓаните и компаниите, во кризата никој нема да биде оставен сам, се вели во соопштението.