Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.309.660 илјади денари, што е за 14.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2019 година се издадени 240 одобренија за градење, што е за 3.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.309.660 илјади денари, што е за 14.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 122 (50.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 35 (14.6 %) за објекти од нискоградба и 83 (34.6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 240 објекти, на 122 (50.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 118 (49.2 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 391 стан, со вкупна корисна површина од 28 249 м2