Побарувачката за руски прехранбени производи во светот станува др голема. Извозот и увозот на храна се скоро еднакви. Кина, Турција и Египет се трите главни купувачи на руска храна.

Во текот на првите два месеци од оваа година, Русија извезе 35,8 проценти повеќе земјоделски производи отколку во истиот период минатата година. Според анализата на Федералниот центар за развој на извозот во агро-индустрискиот комплекс (ФГБУ „Агроекспорт“), Министерството за земјоделство оствари приход од над четири милијарди долари.

Светот започна да купува повеќе пченица (2,1 пати), сончогледово и други растителни масла (за 6,3 проценти), како и месо и млеко (за 33,7 проценти) од Русија. А, рибите и морските плодови, напротив, почнаа да се бараат помалку (за 25,7 проценти). Причината е пандемијата на коронавирусот, бидејќи Кина забрани испорака затоа што вирусот наводно се наоѓал во тие производи.

Меѓу трите најголеми купувачи се Кина, која од почетокот на годинава го зголеми увозот за скоро 30 проценти, Турција (за 40 проценти) и Египет (1,5 пати). Во првите десет се и Европската унија, Јужна Кореја, Азербејџан, Украина, Пакистан, Узбекистан и Монголија.

Русија минатата година продаде прехранбени производи во вредност од 30,5 милијарди долари, а во 2019 година 25 милијарди долари.

Приносот на жито од минатата година беше втор најголем досега постигнат во Русија. Соборен е рекорд во вкупниот извоз на стоки што не припаѓаат на рудни суровини. Има простор за раст. Најважно е новата аграрна сезона да не разочара и да има доволно храна и за домашните потреби и за светот, пренесуваат руските медиуми.