Прекрасен крајбрежен град во Австралија кој беше напуштен пред 70 години е понуден на продажба.

Тоа е далечен град во западна Австралија по име Cossack каде што луѓето живееле и работеле во индустријата за бисери, но со текот на времето населението го напуштило и заминало во големите градови.

Индустријата за собирање бисери довела до основање на градот во 1880-тите, а во 1895 година имало повеќе од 1.000 работници и 57 пловни објекти за „лов на бисери“.

Сепак, градот беше напуштен пред 70 години и има само двајца жители, Риса Остерлунд и нејзиниот партнер Шенон Ервин, кои се сопственици на кафулето. Нивни гости се луѓе кои ги посетуваат блиските пешачки патеки и плажи или оние кои доаѓаат на јавање.

Градот е во сопственост на владата, но е понуден на продажба. Цената не е фиксна, бидејќи владата сака понуди од оние кои се подготвени да го развијат туризмот.