Македонија е енерегетски најсиромашната  држава во Европа. Секое трето домаќинсто не може да си го загрее домот. Немањето пари да се платат високите сметки за струја е најчестата причина, но според истражувањето на универзитетскиот професор Бужаровски, дури и граѓаните кои имаат пари, не можат да си дозволат греење во сите соби од  домот. Речиси  60% од испитаниците изјавиле дека не им е топлo во зима. Покрај ниските  примања, проблем за енергатска неефикаснoст се и старите објекти, слабата изолација, немањето програма за градските власт, горењето цврт отпад. Според  Бужаровски, гасификацијата нема да го реши проблемот.

Се даваат огромни пари за гасификација но тоа е огромна грешка, затоа што нема да реши ништо и по 10 години ќе се случи истото како со РЕК Битола, затоа што цената на гасот постојано расте, изјави Стефан Бужаровски, професор на унивезитетот во Манчестер.

Советниците од Зелен град со неколку предлози до градот Скопје, како да се намали енергетската неефикасност и загадувањето во главниот град .

За да се реализираат нивните 28 предлози плус 3 од граѓаните, ќе бидат потребни милијарда денари или нешто над 16 милиони евра.