Инфлацијата во септември во однос на август останува на исто ниво. Во првите девет месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, пак, инфлацијата е зголемена за 3,6%.

Во анализираниот период, трошоците на живот кај храната се зголемени за 3,9%, кај алкохолните пијалаци и тутунот за 8,1%, а повеќе од 4% инфлација има и во секторите култура, ресторани, образование. Во септември, во споредба со истиот месец лани, инфлацијата изнесува 2,7%.