Еуростат објави дека цените на шеќерот во Европската Унија се зголемени за 61 отсто во февруари и март 2023 година во споредба со истиот период од претходната година.

Најголем пораст е забележан во Чешка (98 отсто), Естонија (97 отсто), Полска, Германија и Латвија, додека помал пораст на цените е забележан во Унгарија (17 отсто), Луксембург (19%).

Извештајот на ФАО покажува дека цените на храната на глобално ниво паднале во просек за 20 отсто во текот на изминатата година, освен цената на шеќерот, која порасна за 6,9 отсто во февруари и 1,5 отсто во март.