Претседателот на швајцарската национална банка Томас Џордан заработил плата од 951.700 швајцарски франци (1,1 милион долари) во 2023 година, што го прави еден од најплатените шефови на централни банки во светот.

Тој надоместок е зголемување од околу 2,5 отсто во однос на претходната година, според пресметките на Блумберг врз основа на годишниот извештај објавен во вторник.

Неговиот вкупен надомест бил 982.000 франци и вклучува плата, трошоци, годишен билет за воз и други приходи. Џордан добил дополнителни 76.133 франци за служење како член на Управниот одбор на БИС.

Главниот централен банкар на Швајцарија претходно овој месец објави дека ќе ја напушти функцијата на крајот на септември.

За споредба, според последните достапни податоци, платата на претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард е 427.560 евра.