Швајцарскиот банкарски гигант „UBS” одлучи да дозволи дури две третини од своите вработени трајно да работат на хибридниот ангажман.

Причината е желбата на „UBS” да биде што е можно поконкурентна со американските банки, кои зазедоа многу поцврст став.

Потегот на заемодавачот го води извршниот директор Ралф Хамерс. Банката исто така се обврза да им обезбеди на персоналот флексибилност на хибридниот работен ангажман.

Внатрешна анализа на банката покажува дека две третини од своите вработени била на работни места погодни за хибридна работа, додека некои улоги, како што се трговци и вработените во филијалите, ќе мора да работат од своето место. Датум за нивното враќање во канцеларијата не е утврден, изјавија добро информирани извори за „Bloomberg”.

Потегот на „UBS” поставува силен контраст помеѓу швајцарскиот заемодавател и многу негови американски ривали. „Goldman Sachs Group Inc.” бараа скоро сите американски работници да дојдат на своите работни места, кај „JPMorgan Chase & Co”. повеќето американски работници започнаа со редовните работни распореди од 6 јули, додека извршниот директор на Морган Стенли, Џејмс Горман испукал предупредувачки куршум: „Ако можете да одите во ресторан во Њујорк, можете да дојдете и во канцеларија. Ве очекуваме во канцеларија “.