Синдикатот на УПОЗ незадоволен од зголемувањето на платите на административците од 5 %.
Велат дека платите на помладите референти, референтите и вишите рефенти се толку ниски што слободно можат да дадат отказ и да аплицираат за социјална помош.
Десет години во нивната плата се пресметани и трошоците за храна и превоз и бараат тоа да се промени.
Синдикатот на УПОЗ предлага да се замрзне моменталната вредност на бодот на административците во износ од 81,1 денар.
Со тоа платата би растела според растот на просечната плата, а ќе паѓа доколку паѓа и просечната плата.
Доколку Владата не отстапи од својот концепт на исплата на плати тие ќе бараат да се направи правилна пресметка на трошоците за храна и превоз со што платите во државата би се зголемиле за над 4,700 денари.
Тие најавија дека за нивните предлози ќе бидат известени и Владата, Министерството за финансии и МИОА.