nafta 2Цената на нафтата на меѓународните пазари се спушти под нивото од 62 долари, под влијание на неочекувиот голем пораст на залихите во САД. На лондонскиот пазар, цената на нафтата падна за 31 центи во однос на претходното затворање, на 61,77 долари. На американскиот пазар се тргуваше за 54 центи пониска цена, од 56,07 долари.

Податоците од Американскиот институт за нафта (API) повторно покажа скок на залихите на нафта минатата недела за неочекувани 5,5 милиони барели. Аналитичарите во анкетата на Ројтерс предвидуваа речиси половина помал пораст.

Власта на Саудиска Арабија објави дека ја запира воената кампања во соседен Јемен против бунтовниците, разгорувајќи ја надежта за политичко решение на конфликтот во регионот во кој се наоѓаат клучните производители на нафта. Поради овие тензии цената на нафтата овој месец се зголеми за речиси 10 долари.

Водечките трговци проценуваат дека цената на нафтата оваа година тешко дека ќе забележи поголем пад. “Веројатно во вториот квартал повторно ќе сведочиме на благо опаѓање, но веројатно не под најниското ниво оваа година”, шпекулира Ian Taylor од Vitola, водечката куќа во светот за трговија со нафта.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) објави дека цената на барел нафта во нејзината кошница во вторникот изнесувала 58,84 долари, што значи дека паднала за 66 центи во однос на претходниот трговски ден.