 
Еден убав предновогодишен настан на Плоштадот Магнолија во Битола. 
Новогодишен базар со традиционална храна, музика и фолклор, организиран од страна на бројни невладини организации со една единствена цел, да се соберат финансиски средствата за помош на социјално загрозени семејства и самохрани мајки.
А каде има хумани гестови, таму е и СН ФИНАНСИИ.
 
Па така одлучивме да го донесеме Дедо Мраз на плоштадот кој подели пакетчиња
за насмевки на децата чии родители немаат доволно средства за подарок.
Продолжуваме да шириме добра енергија и да покажеме дека не треба многу за радост на детските лица.
 
 
