Во април, 2010 година, еден биткоин изнесуваше 0,003 долари, а денес цената на оваа криптовалута изнесува над 8.400 долари.

Многу држави го прогласија биткоин за легална валута за тргување, што имаше огромно позитивно влијание врз неговата вредност.

Биткоин е дигитална валута чија популарност расте ширум светот, па и кај нас, а она по кое се разликува од конвенционалните пари е тоа што ниту една институција не ја контролира мрежата на биткоин, што значи дека ниедна банка не може да ги контролира вашите дигитални пари.

Биткоин не е под влијание на ниту една влада на држава. Криптовалутата се следи преку јавни оналјн записи, blockchain. Конечниот број на биткоини може да се произведе преку „копање”, што всушност е решавање на сложени математички проблеми.

Она што ја прави оваа дигитална валута особено привлечна е тоа дека иако евиденцијата за трансакциите е јавна, корисниците кои ги вршат трансакциите остануваат анонимни.