Србија издаде 12-годишна еврообврзница во износ од една милијарда евра на меѓународниот финансиски пазар, со стапка на купон од 1,65 проценти и стапка на принос од 1,92 проценти, објави Народната банка на Србија (НБС).

Оваа обврзница има најдолга рочност што досега ја издаде Србија на меѓународниот пазар.

НБС посочува дека исклучителниот интерес на меѓународните инвеститори е уште една потврда за нивната доверба во долгорочната одржливост на добрите економски перформанси и зачувувањето на макроекономската стабилност во Србија.
Побарувачката на инвеститорите за време на аукцијата беше 3,5 пати поголема од реализацијата и за време на аукцијата надмина 3,5 милијарди евра.

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, изјави дека емисијата на еврообврзници ќе врати некои стари и скапи долгови што доаѓаат на исплата во текот на оваа година.

Тој рече дека заклучно со завчера, учеството на јавниот долг во БДП е 52,9 проценти и е пониско отколку пред почетокот на пандемијата.
– Тоа е неверојатен успех, имајќи предвид дека сите земји во светот го умножија својот јавен долг поради позајмици за време на пандемијата на корона-вирусот – рече Мали.