Народната банка на Србија (НБС) брзо го врати целото злато складирано во странство и со негово купување на домашниот и на странскиот пазар значително ги зголеми златните резерви, па со вредност од околу 2,3 милијарди евра, златните резерви се зголемија за две и пол пати во споредба со 2012. година, објави НБС.

Слични трендови има и во Холандија, Австрија, Полска, Унгарија, Романија, а исклучителна побарувачка за овој благороден метал преовладува во Германија, Кина и САД, каде златото се смета за еден од најбезбедните чувари на вредноста меѓу сите категории на инвестиции, анализира ФоНет. Економските аналитичари велат дека тоа не треба да чуди, бидејќи златото е клучен елемент за зајакнување на економската стабилност на државата, но велат и дека е време граѓаните да размислуваат за штедење и инвестирање во благородни метали.

Според податоците на Светскиот борд за злато, најголеми резерви на злато во светот имаат САД со 8.133 тони, потоа Германија со 3.355 тони, а на третата и четвртата позиција се Италија и Франција со нешто помалку од 2.500 тони. Русија е петта со 2.298 тони, а Кина е шеста со 2.010 тони, додека на Западен Балкан првото место го држи Србија со 38,5 тони. Следат Северна Македонија со 6,8 тони, Словенија со 3,7 тони, Албанија со нешто повеќе од три тони, Босна и Херцеговина со 2,7 и Хрватска со два тони злато.