На секои четири години, во период од еден месец во текот на летото се чувствува пулсот на Светското првенство во фудбал. Се избираат омилените тимови и омилените играчи, се навива и се очекува секогаш да победи најдобриот.

Оваа година, во духот на фудбалската еуфорија, Стопанска банка а.д. Битола од 14.06.2018 до 15.07.2018 – за времетраење на Светското првенство подготвува фудбалски изненадувања за своите веќепостоечки и потенцијалните клиенти.

 

Во насока на поддршка на спортот, навивањето и забавата, но истовремено и oтпочнувањето на една добра навика- штедењето, Стопанска банка а.д. Битола ќе обезбеди подароци за сите оние кои ќе орочат штеден влог над следните износи:

– Депозит во противвредност од над 100,00 евра за детско штедење

– Депозит во противвредност од над  500,00 евра за сите останати типови на депозити

Стопанска банка а.д. Битола Ве очекува во своите експозитури заедно да ја споделиме фудбалската магија и да ја поддржиме најдобрата навика – штедењето.