Министерството за внатрешни работи преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, во соработка со Европол и Стопанска банка АД – Скопје се вклучија во годинешната кампања за подигнување на свеста за безбедно купување преку интернет, а во која учествуваат органите за спроведување на законот од 16 земји кои се здружија со Европскиот центар за компјутерски криминал на Европол и Советот заштита на трговците од ризик (Merchant Risk Council) за да споделат практичен совет како да се надмудрат криминалците кои се обидуваат да го злоупотребат купувањето преку интернет.

Лидер на Акцијата за е-трговија за 2021 (eComm 2021) е AP Terminal од Европскиот центар за сајбер криминал во Европол, ко-лидер на акцијата е австриската Служба за криминалистчко разузнавање (Bundeskriminalamt), а учесници се сите земји-членки и партнери на ЕУ. Во eComm 2021 учество земаа и надлежните агенции за спроведување на законот од сите земји учеснички со нивни истражни мерки и нивна поддршка преку кампањата наречена „Продавај безбедно“ (SellSafe). Пријавените случаи ќе се селектираат во Европол и ќе бидат означени со eComm 2021 за да им се даде приоритет. Органите за спроведување на законот, како и клучните малопродажни партнери ќе ги споделуваат пораките од кампањата со помош на хаштагот #SellSafe за да можат да се обратат на колку што може поширока публика.

Дознајте повеќе за кампањата и за алатките за заштита на вашите финансии на следниот линк на веб страницата на Банката.