Според Изјавата за политиката на Комерцијална банка АД Скопје, Банката ќе го врши своето работење врз основа на цврсти банкарски принципи и ќе ги преземе потребните чекори што ќе обезбедат максимална добивка на акционерите на долг рок.

Главните стратешки цели на Комерцијална банка АД Скопје и во следниот период ќе бидат:

  1. Комерцијална банка ќе продолжи да се развива како водечка, независна, приватна банка која работи на целата територија на Република С. Македонија;
  2. Комерцијална банка ќе се стреми да биде универзална банка што ќе овозможи да ја зајакне својата веќе стекната позиција во банкарскиот сектор;
  3. Комерцијална банка ќе се стреми да ги достигне највисоките стандарди при пружање на внимателно одбраните производи и услуги на своите клиенти;
  4. Комерцијална банка постојано ќе се стреми да ги усогласува своите политики и постапки за работење со најдобра меѓународна банкарска пракса