Првиот број на стрипот „Супермен“, кој беше објавен во јуни 1938 година и чинеше само 10 центи, продаден е за 3,25 милиони долари, што е највисоката сума досега платена за еден стрип.

„Супермен“ беше отпечатен во стотици илјади примероци, а се верува дека до денес се зачувани околу 100 примероци од првиот број.

Копијата што беше продадена, своевремено беше пронајдена во куп филмски списанија од 30-тите години на минатиот век и беше совршено зачувана, изјави Винсент Зурзоло, косопственик на интернет страницата за аукција ComicConnect.com, објави Би-Би-Си.

Продавачот заработи милион долари на стрипот, бидејќи го купи пред три години за 2,25 милиони.

Досега, највисоката цена за еден стрип беше постигната во 2014 година, кога на eBay исто така беше продаден првиот број на „Супермен“ за 3,2 милиони долари.