Со 30 милиони денари државни пари ќе се финансира зголемувањето на рибниот фонд во Македонија. Порибувањето е обврска на концесионерите кои се субвенционираат со 40 проценти од вредноста на подмладокот. Поднесувањето на документацијата е до 25-ти јули.

Сите кои имаат рибници и во периодот од 1-ви февруари до 31-ви мај 2022 година набавиле подмладок, односно, порибителен материјал од сопствено или признаено производство, ќе може да аплицираат за поврат на 40 проценти од вредноста на набавениот или на сопствениот подмладок.

Краен рок за доставување на барањата за исплата на средства е до 25-ти јули.

Право на користење на оваа финансиска поддршка имаат сите кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал и немаат увезено подмладок и жива риба, од видот за кој имаат дозвола за порибување.

Субвенцијата се исплаќа скалесто и тоа целосно за подмладок до 2.500 килограми, од 2.500 до 5.000 – 75 отсто, до 7.500 – 50 и за 7.500 – 25 проценти од вредноста на утврдената цена на подмладокот.

Барањето и целосната документација се доставува директно или по пошта до Платежната агенција.

Доколку до Агенцијата има поднесено повеќе барања отколку што има финансиски средства, предност ќе имаат оние баратели кои побрзо ги доставиле документите од другите.