Распределба на субвенциите по предаден килограм во регистирани преработувачки капацитети место по површина како досега.

Вака предлага Стопанската комора на Македонија како една од мерките за развој на агросекторот во постковид периодот што следи, бидејки во моментов субвенциите не ги даваат очекуваните резултати.

Според комората со овој модел не се потикнува прооизодството и развојот на агорсекторот. Васко Ристовски смета дека ова мерка иако ќе биде болна ќе ги разграничи професионалните од квази земјоделци или фармери кои земаат субвенции.

Речиси една милијарда евра се слеани во агросекторот во изминатите години  на име субвенции, но и понатаму имаме намалени приноси, застарена механизација и технологија, намален сточен фонд. Ристовски смета дека сегашните 200 милиони евра на годишно ниво се доволни но доколку вистински се распоредат кон фармерите.

Освен измена на моделот на субвенционирање, стопанската комора предлага и друг сет мерки во  винската, млечната, месната и мелничко пекарската индустрија во насока на поголема конкурентност на домашните фармери и фирми кои се занимаваат со агробизнисот.