Судскиот совет, како и во многу други предмети, така постапува и по предметот со штедачите во Еуростандард банка, за кој неодамна Апелациониот суд Скопје донесе одлука, соопштија од Републичкиот судски совет.

„Со оглед на тоа дека во јавноста се појавија информации поврзани со случајот, поконкретно дека советот на Апелациониот суд донел одлука за еден ден во врска со жалбата на групата штедачи, Судскиот совет информира дека се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба“, информираат од Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Од таму додаваат дека координаторот за Апелационен суд Скопје, од редовите на Судскиот Совет, на денешната седница беше задолжен да го испита предметот и начинот на постапување од страна на Советот на Апелациониот суд Скопје.