Познатата австриска куќа за луксузен накит „Сваровски“ денеска најавила големо намалување на бројот на вработени ширум светот.

Во седиштето во австрискиот град Ватенс, бројот на вработени ќе биде намален за 200, а ширум светот за 600.

Одлучено е и работењето на скратено работно време да се продолжи до крајот на септември, а тоа се однесува на речиси сите вработени.

Како причина за преземање на ваков чекор, Сваровски ја навел пандемијата од коронавирусот која, според нив, тешко го погодила меѓународниот пазар на луксузни накити.

Во првата поливина од оваа година гигантот, според соопштението, соочен е со масовно намалување на продажбата.

Од декември до мај побарувачката на големите пазари во Азија и САД опаднала, па се очекува бавено враќање на нивото на работење кое го имале пред кризата.

Минатата година, гигантот остварил промет во висина од 2,7 милијарди евра.

Покрај пандемијата од короната, компанијата укажала дека на одлуката за мерките влијаело и новото поефикасно поставување на компанијата.

Како што се наведува во соопштението, организационата структура и работниот модел ќе бидат променети целосно.

Сите процеси на работењето, активностите и полето на работа ќе се анализираат, па потоа ќе се спојуваат различни сектори.

„Трансформацијата е важна за успешно продложување на постењето на Сваровски“, рекол директорот Роберт Бухауер.