Откупот на годинешниот тутун стартуваше со 30 отсто повисока цена од лани, што само го потврдува она што го кажуваат и самите тутунари: Владата на СДСМ е вистинскиот партнер на земјоделците, изјави пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талески.

„ 261 денар по килограм, е просечната откупна цена на годинешниот тутун, за разлика од ланскиот кога неговата цена изнесуваше 200 денари. Тоа, е историски највисока цена на тутунот во изминатите 10 години.

Ако згора на тоа се додаде дека во споредба со лани, годинава имаме поголем број на склучени договори и се очекува да бидат откупени 21.000 тони на тутун, што е за 10 отсто повеќе од лани, тогаш нема дилема дека ова ќе биде една од најдобрите и најдоходовните реколти. Ќе потсетиме и на тоа дека токму Владата предводена од СДСМ ги зголеми субвенциите по килограм предаден тутун, и тоа на 80 денари за прва класа, 70 за втора, и 60 денари за трета и за дополнителните класи.

Дека достоинството на тутунарот ни е најважно, потвруваме со фактот дека субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно. Нема да му дозволиме на Мицкоски да го врати назад времето кога неговата криминална партија ги уценуваше и злоупотребуваше тутунарите за партиски цели“ додаде Талески.