Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за февруари 2021 година.

Од истиот може да забележиме дека акциите на Комерцијална банка се најатрактивни воедно и најтргувани на берзата во месец февруари 2021 година, со промет од 200.086.680 денари или 3.243.170 евра.

Количински се истргуваа 25.143 акции, по просечна цена од 7.968,03 денар.

На второ место се акциите на Гранит Скопје со промет од 98.978.843 денари или 1.604.327 евра. Во 217 трансакции, истргувани се вкупно 75.742 акции на Гранит Скопје, по просечна цена од 1.286,71 денари по акција.

Во топ три, на трето место со промет од 67.826.723 денари или 1.099.390 евра се акциите на Алкалоид Скопје, каде во месец февруари количински се истргувани 4.892 акции, по просечна цена од 13.866,60 денари по акција.

 

Извор: Пари.мк