Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам дека наскоро ќе биде постигнат договор со кој ќе заврши трговската војна помеѓу Вашингтон и Пекинг.

Неговиот кинески колега Си Џипинг повика за брзо завршување на преговорите.

Трамп не го наведе датумот за евентуалниот состанок со Си Џипинг за официјално завршување на трговската војна меѓу двете земји.