Главниот извршен директор на Фејсбук, Марк Зукерберг, се состана со американскиот претседател Доналд Трамп, откако беше остро сослушан од конгресните заменици за неуспесите на социјалната мрежа во заштитата на приватноста на потрошувачите.

Трамп, кој повеќе пати го критикуваше Фејсбук, обвинувајќи го дека е пристрасен во корист на демократите, по состанокот објави фотографија со Зукерберг на Твитер и напиша дека станува збор за „убава средба“.

Фејсбук соопшти дека еден од водачите на компанијата имал „добра, конструктивна средба со Трамп во Белата куќа“.

Ниту една страна не даде детали за интервјуто, пренесува Ројтерс.

Фејсбук е постојано критикуван за своите грешки во однос на приватноста на корисниците, изборните активности и нејзината доминација во мрежниот маркетинг, за кои се соочува со барања за повеќе правила и анти-монополски истраги.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк