Враќање на цената на суровата нафта на 100 $ за барел нема да се случи до крајот на оваа деценија, а краткорочно можно е да се зголеми до максимум 50 $, смета Ole Hansen, претседател на секторот за стоки на данската инвестициска банка Saxo.
“Многу се мали можностите дека пред 2020 ќе забележиме враќање на цената на суровата нафта на поранешните нивоа, освен доколку се случи стабилен и силен раст на побарувачката. Во овој случај цените ќе се зголемат со цел да се привлече апетитот за инвестирање во нафтените компании, кои мораа да ги намалат трошоците последниве години “, изјави Hansen.
Тој укажува дека инвеститорите, кои рачунаат на пораст на цените, може да се надеваат на цена од 50 $ за барел како најдобра можна опција на краток рок.
Се очекува цената да остане каква што е се додека не се појават знаци кои укажуваат на намалување на производството и потврда дека моменталната пазарна криза нема да влијае на очекувањата за раст на побарувачката, особено од земјите како Кина и Индија.
Нарушувањето во понудата и побарувачката особено се прати последната година, особено откако ОПЕК ја уцврсти својата стратегија за понуда, но многу инвеститори се уште чекаат момент цената на нафтата да се врати на троцифрен број.
Иако нестабилноста на цената е намалена, се уште е присутна и во такви околности многу е неблагодарно да се изработат краткорочни, а посебно долгорочните претпоставки наведува Hansen .
Сепак, понудата и побарувачката во еден момент ќе се стабилизира, заклучува Hansen.