nafteno poleЦените на нафтата во вторникот на меѓународните пазари се зголемија  за повеќе од пет проценти, носени од веста дека кинеската побарувачка во 2015 година најверојатно достигна рекордно високо ниво.

На лондонскиот пазар цената на суровата нафта се зголеми 1,55 $, или 5,4 проценти во однос на претходното затворање, на 30,10 $. На американскиот пазар барел се тргува за 66 центи повисока цена во споредба со претходното затворање, од 30,08 $.

Трговците наведоа дека цените добија поддршка од силната кинеска побарувачка за нафта во последната година. Првичните пресметки на Ројтерс врз основа на официјалните податоци покажаа рекордна потрошувачка од 10.32 милиони барели дневно, што е за 2,5 проценти повеќе отколку во 2014 година.

Донекаде расположението го пригуши оценката на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) дека прекумерното понуда ќе потрае до крајот на годината. Тие, исто така, предупредија дека цените на нафтата може паднат и под сегашното ниво.

Глобалната побарувачка во последните три месеци од минатата година падна на најниско ниво во година дена, потсетуваат од агенцијата, повикувајќи се на релативно високите температури за овој период од годината.