investire-oro-banco-metalli-firstЗа ништо друго мислењата на еконоските аналитичари не се поделени како за движењето на цената на златото во наредната година. Златото воглавно во оваа година бележеше пад, со многу мал распон, што ги натера инвеститорите да ја намалат трговијата со злато по огромниот раст во 2013 година.

Голем проблем за златото годинава се превирањата во Источна Европа и на Блискиот исток, кои провоцираа некои купувања, пред се како заштита од ризик. Но, грижата околу забавувањето на кинескиот раст, влијаеше на тековите на побарувачката и колебањето на цената. Во Кина, побарувачката на злато ќе се врати, бидејќи залихите се осиромашуваат.

Во Индија се укина забраната за трговците со злато од кои повеќе не се бара да извезува 20 отсто од увезените количини на злато во земјата – мерка која беше воведена минатата година да се намалат влезните пратки и да се намали дефицитот на тековната сметка на земјата. Со кревањето на своите граници за увоз на злато Индија ја престигна Кина на врвот на потрошувачи на овој метал. Двете азиски земји заедно чинат половина од светската побарувачка за злато.

Но, веројатно најголем проблем целата година беше зголемувањето на вредноста на доларот, поттикнато од јакнењето на американската економија. Тоа ги предомисли љубителите на жолтиот метал, бидејќи она што е добро за доларот, ретко е добро за златото.

Прогнози за наредната година

Аналитичарот на RBC Stephen Walker прогнозира широк опсег од $ 1150 до 1350 $ за унца при тргување во наредните 3 години и одржување на долгорочните прогнози за цената на златото од $ 1,400 за унца. Walker прогнозира дека цената на златото ќе се движи околу $ 1300 за унца во 2015 и 2016 година,  $1350 за унца во 2017 година и вели цената на златото нема да се искачи до $ 1400 за унца пред 2018 година.

Некои од аналитичарите се обложуваат на цена на златото меѓу 1.050 и 1.090 долари за унца за следната година, а некои гледаат дури и спуштање до 950 долари.

Но, стравувањето доаѓа од соочувањето со предизвиците за јакнење на доларот, падот на цената на нафтата, бавниот економски раст на светските економии, како и од колапсот на цените, односно инфлацијата.